Име на болест: Антракноза на лубеницата - Colletotrichum orbiculare
Култура: ЛУБЕНИЦА
Опис: Паразитот ги напаѓа сите надземни растителни делови. На листовите се забележуваат тркалезни некрозни дамки со белузлавосива боја, обрабени со темнокафеав раб. Понекогаш ткивото во некрозните дамки пука. На стеблото се развиваат вдлабнати рани со кафеаво - црвеникава боја. Раните, при основата на стеблото навлегуваат длабоко, поради што настанува венење на растенијата. Најкарактеристични промени се развиваат на плодовите. На нив се развиваат многубројни и тркалезни вдлабнати рани, белузлавосиви ограничени со темнокафеава до црвеникава маса, во која се наоѓа мицелија и конидии од габата. Вдлабнатите рани на стеблото и на плодовите претставуваат плодни лежишта од габата. Паразитот презимува во семето и во растителните остатоци до 5 години. Конидиите се разнесуваат со водата за наводнување, инсектите. Инфекциите се остваруваат директно преку епидермисот. За да настане инфекција растителните делови треба да бидат навлажени. Инкубациониот период изнесува 6 - 7 дена и болеста се развива при топло, влажно и врнежливо време. За спречување се препорачува употреба на здраво семе и уништување на растителните остатоци. За заштита на растенијата може да се користат некои фунгициди како манкозеб, цинеб, манеб, фолпет, пропинеб и др. При врнежливо време третирањата да се изведуваат на седум дена.



повеќе слики >>

Препарати

CAPTAN PINUS 50 WP

MERPAN 50 WP

MERPAN 80 WDG

ORTHOCID 80 WDG

VENTURIN