Опис: Во Македонија оваа болест не предизвикува големи штети. Паразитот ја напаѓа зелката од никнењето до прибирањето. Нападнатите котиледонски ливчиња пожолтуваат, од опачината се забележуваат конидиофори со конидии, а потоа се сушат и опаѓаат. По листовите од расадот се забележуваат многубројни различни по големина светлозелени дамки, кои брзо некрозираат. Кај листовите од растенијата се забележуваат поголеми или помали светлозелени дамки со различна големина, кои можат да се спојуваат помеѓу себе, да бидат ограничени од поглавните нерви, потоа нехрозираат, а од опачината се забележуваат пепелави конидиофори со конидии.
Оваа габа презимува во вид на ооспори во растителните остатоци или во вид на мицелија во останатите корени. Во пролет од останатите корени се развиваат изданоци, на кои таа образува конидиофори со конидии кои ги остваруваат првите зарази. Конидиите се пренесуваат со ветровите. Оваа болест се јавува кога ноќната температура не преоѓа над 24 степени , при услови на магла, роса и дождови, кога на лисјата се задржува роса до доцна наутро. Заштитата од оваа болест започнува по прибирањето на зелката и другите растенија. |
повеќе слики >>
|
|
|