Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Bordeaux mixture;
Име на препарат: BORDO MICRO

Употреба:

BORDO MICRO e фунгицид и бактерицид кој содржи активна материја (200 g/kg) бакар сулфар и бакар карбонат. Има широк спектар на дејство и може да се употребува за сузбивање на антракноза, алтернариа, монилиа, бактериози и др. Може да се употребува кај домат, модар патлиџан, брокула, карфиол,спањак, грав, грашок, компир, видови од фамилијата Cucurbitaceae, овошни видови, цитрусни видови и др. Препорачаната концентрација е од 0,6 - 1% освен кај видовите од фамилијата Cucurbitaceae каде се пропишува доза од 0,6 - 0,75% и кај цитрусните видови од 0,2%. кај доматот дозволени се до 6 апликации во сезон аво интервал од 7 дена. Максималната потрошувачка на вода треба да изнесува до 600 L/ha. Kaj овошните видови дозволени се до 3 апликации со максимален волумен од 1200 L/ha во интервал од 14 дена. Максималната концентрација на аплициран бакар не треба да надминува 7,5 kg во сезона.


Предупредување:

Може да се меша со повеќето фунгициди, инсектициди, хербициди, фолијарни ѓубрива и сл. освен со препарати кои имаат изразен кисел или базен карактер.


Каренца:

домат и модар патлиџан 3 дена во оранжерии и 10 дена на отворено. 15 дена за компир и цитрусни видови. Модар патлиџан, брокула, карфиол, спањак и грав 10 дена. За овошните видови каренцата не се применува.



Добавувач: ТДПТДУ „АГРОЈУНИКОМ“ ДООЕЛ - Скопје
Производител: IND. QUIMICAS DEL VALLES