Опис: Црвена крушкина штитеста вошка ја напаѓа крушата, јаболката и сливата, а се среќава и на кајсијата и праската. Има 1 генерација годишно. Презимува како полово зрела женка. Имагата од новата генерација се јавуваат на крај од есента. Штетите на растенијата ги причинуваат и ларвата и имагата со шмукање сокови од сите делови: стеблото, гранките, леторастите, лисјата и плодовите. На дрвенестите делови предизвикуваат големи деформации, кои по неколку годишен напад предизвикуваат сушење на стеблата. Мониторингот и мерките за контрола се исти како кај Q. perniciosus. |
повеќе слики >>
|
|
|