Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Tebufenpyrad; Име на препарат: MASAI |
Употреба: MASAI е акарицид и инсектицид за сузбивање на пајачиња и вошки кај овошни култури, јагоди и орнаментални видови. Кај јаболката и крушата се препорачува доза од 0,5 kg/ha. Последната апликација треба да биде 7 дена пред берба. За јагода дозата изнесува 0,75 kg/ha. Последната апликација треба да биде 3 дена пред берба. Кај хмељ максимум 6 kg/ha со тоа што последната апликација да биде 21 ден пред берба. Пропишаните концентрации не треба да бидат надминати на годишно ниво. Предупредување: Пропишаните концентрации не треба да бидат надминати на годишно ниво. 200 g на 100 L вода за јаболка и круша, 150 g на 100 L вода за јагода, 100 g на 100 L вода за орнаментални видови и 300 g на 100 L вода за хмељ. Каренца: 7 дена за јаболка и круша. 3 дена за јагода. |
Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница Производител: BASF / веб страница |