Име на болест: Јачменов трипс - Limothrips denticornis
Култура: ЈАЧМЕН
Опис: Житните трипси имаат 1 - 2 генерација годишно. Презимува вo стадиум на имаго во почва или растителни остатоци. Ларвите и имагата со својата исхрана причинуваат штети кај житата. Ларвите предизвикуваат појава на бели дамки на листот како и редукција на асимилационата маса. Хранејќи се со класот, ларвите причинуваат редукција на приносот на зрното. Нападот на трипсите на класот лесно се препознава. Врвните зрна се штури, лесни, исфрлени од лежиште, осилата се во сите правци. Класот е растроен. Кога ќе ја исмукаат целата содржина од врвните зрна, трипсите се симнуваат подолу во основата на класот. Успешна контрола на популацијата на житните трипси се постигнува со висока агротехника (плодоред, обработка, ѓубрење, наводнување, запазување на роковите на сеидба и прибирање на родот, палење на стрништата).



повеќе слики >>

Препарати

BEVETOX 40 E

DANADIM PROGRESS 400 EC

DIMETOGAL

FOSFAMID 40 EC

PERFEKTHION

ROGOR L40

ETIOL SPECIJAL

ETIOL TECEN