Име на болест: Тутунова белокрилка - Bemisia tabaci
Култура: КРАСТАВИЦА
Опис: Тутуновата белокрилка е многу слична по својот изглед и биологија на оранжериската белокрилка. Сепак, таа е многу поагресивен вид и резистентен на голем број хемиски средства. Изразен полифаг, штетник на домат, краставица, тиквички, модар патлиџан. Може да развие 10 - 12 генерации годишно. Штетите од тутуновата белокрилка се слични како кај другите видови белокрилки и вошки и поделени се на примарни - директни и секундарни и терцијарни - индиректни штети. Покрај штетите со исхраната, многу позначајни се штетите предизвикани со трансмисија на вируси. Утврдено е дека B. tabaci е вектор на околу 100 растителни вируси. Најбројни се Бегомовирусите, а штетите од нив се загуба на принос 20 - 100%. Заради вонредната штетност за културните растенија, тутуновата белокрилка мора континуирано да се следи. За биолошка контрола на B. tabaci најзначајна е паразитската осичка Eretmocerus mundus (Mercet).



повеќе слики >>

Препарати

CONFIDOR 200 OD

CONFIDOR SL 200

KOHINOR 200 SL

PREMIER 20% WP

QUANTUM SC

RAPID

WARRANT 200 SL