Опис: Видот има 3 - 5 генерации. Во наши услови има 5 генерации. Презимува во стадиум на имаго во почва, под растителни остатоци.
Штетите ги причинуваат ларвите и имагата со својата исхрана и полагање јајца. Шмукаат сокови од сите растителни делови, предизвикуваат локални некрози изразени во вид на бели дамки. Покрај директни штети тутунскиот трипс причинува штети и како вектор на вируси. Трипсот се утврдува со визуелен преглед, со сини лепливи плочи, а може да се применат и жолти лепливи плочи или жолти водени садови. Економски праг за тутунот е 1 - 2единки/листи во услови на силна зараза од вируси, во спротивно 3 - 5единки/лист. Мерки за контрола се ахротехнички мерки (отстранување на заразени растенија, уништување на плевели, обработка на почвата, покривање на почвата со фолија, одгледување на растенијата на супстрат, плодоред), механички мерки (жолти плочи), биолошки и хемиски мерки.
|
повеќе слики >>
|
|
|