Опис: Тутуновата белокрилка е многу слична по својот изглед и биологија на оранжериската белокрилка. Сепак, таа е многу поагресивен вид и резистентен на голем број хемиски средства. Штетите од тутуновата белокрилка се слифни како кај другите видови белокрилки и вошки и поделени се на примарни - директни и секундарни и терцијарни - индиректни штети. Покрај штетите со исхраната, многу позначајни се штетите предизвикани со трансмисија на вируси. Утврдено е дека B. tabaci е вектор на околу100 растителни вируси. Најбројни се Бегомовирусите, а штетите од нив се загуба на принос 20 - 100%. Заради вонредната штетност за културните растенија, тутуновата белокрилка мора континуирано да се следи. За биолошка контрола на B. tabaci најзначајна е паразитската осичка Eretmocerus mundus (Mercet). |
повеќе слики >>
|
|
|