Опис: Штетник на јагода, малина и капина. Има 1 генерација годишн. Презимува во стадиум на имаго под растителните остатоци во почвата. Главните штети ги прави ларвата која со својата исхрана целосно го уништува цветот кој се суши. Појавата на штетникот мора да се контролира. Третирањето се врши напролет, веднаш по појавата на имагата. Економски праг 2 - 5 % нападнати цветови. Мерки за контрола можат да бидат: Механички мерки, Масовно ловење со феромонски мамки, хемиски мерки. Контролата на штетникот е деликатно заради свежата конзумација на јагодата и опасноста од резидуи од инсектицидите. Се препорачуваат средства со нокдаун ефект и куса перзистентност како спинозини, пиретроиди |
повеќе слики >>
|
|
|