Опис: Многугодишен или едногодишен доцнопролетен плевел. Се размножува со сем. Се развива заедно со оризот. Во почетокот оризот се развива побрзо а потоа плевелот го достига неговиот развој, се развива заедно со него а искласува порано од него. Во наши услови масовно никнува во втората половина на јуни и јули. Плодоноси во август. Кај нас го има во сите оризопроизводителни реони. Најефикасни мерки за уништување се правилна обработка, примена на плодоред и др. Најефикасна мерка за уништување е употреба на хербициди. Во оризиштата се применува бентазон.
|
повеќе слики >>
|
|
|