Опис: Гламницата е редовна болест кај јачменот. Таа повеќе се јавува кај пролетните посеви. Првите симптоми се јавуваат во фазата на класење на јачменот. Паразитот се пренесува со семето. Телеутоспорите ‘ртат при температура од 5 до 35°С, а најмасовно на 20°С. Најмасовни зарази настануваат при влажност на почвата од 60% од максималниот воден капацитет. Болните класови имаат сивкаста нијанса. Внатрешноста на зрното е претворена во телеутоспори а плевите остануваат здрави се до вршидбата, кога тие лесно се оштетуваат и распаѓаат, Внатрешноста на зрното е претворена во црна правовидна маса. Спречувањето се врши преку употреба на здраво семе како и дезинфекција на семето. |
повеќе слики >>
|
|
|