Име на болест: Гниење на зрело грозје - Glomerella cingulata
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Оваа габа е распространета низ целиот свет, но најзастапена е во тропските и суптропските подрачја. Таа е полифагна и напаѓа повеќе видови растенија од различни ботанички фамилии.   Постојат повеќе специјализирани сорти кои морфолошки не се разликуваат, но се разликуваат биолошки паразитирајќи на различни растенија.
Гниење на зрелото грозје се јавува кај веќе зрелото грозје, но може да продолжи да се развива и за време на транспортот и прометот. На белите сорти грозје, најпрво се забележуваат црвенокафеави дамки. Потоа опфаќа половина од зрното, станува потемно со црвеникава боја во средината и светлокафеава периферија. Кај црните сорти, поради гниењето скоро не се забележуваат промени во бојата. По гнилите зрна се развиваат ацервули, од кои при влажно и топло време истечува лигава розова течност, во која се наоѓаат многубројни кониди. При суво време гнилите зрна се сушат, се спуруваат и мумифицираат. Габата G. cingulata се одржува и презимува во вид на перитеции и ацервули на мумифицираните плодови и во вид на мицелија на изумреното дрво и раковините.   При врнежливо време од перитециите се ослободуваат аскоспори, а од ацервулите, конидии. Брзината на инфекцијата зависи од должината на влажнењето на плодовите. Инфекциите се остваруваат и преку лентицелите. Најбројни инфекции се остваруваат пред бербата на плодовите. За заштита од овој штетник, потребно е гнилите плодови да се соберат и да се уништат. Заразените ветки и раковини да се изрежат и да се спалат. Хемиската заштита против другите болести го спречува и ова заболување. Пред бербата на плодовите се препорачува прсање со каптан (на две недели пред бербата), со толифлуанид, трифлоксистробин или со беномил.



повеќе слики >>

Препарати

CAPTAN PINUS 50 WP

MERPAN 50 WP

MERPAN 80 WDG

ORTHOCID 80 WDG

VENTURIN