Име на болест: Фитофторно гниење на коренот - Phitophtora parasitica
Култура: ДОМАТИ
Опис: На и под површината на почвата по стеблото се развиваат кафени дамки со гниење кои можат да го прстенуваат стеблото. Ова гниење се проширува кон стеблото и долу кон коренот па растенијата венеат и изумираат. Високата влажност во почвата ја фаворизира оваа болест. Површинското наводнување и обилните дождови во комбинација со тешки и збиени почви доведува до масовни зарази. Сузбивањето се состои во намалување на прекумерната влага во почвата, подготвување на повисоки сртови кои обезбедуваат подобро дренирање и поретко наводнување.



повеќе слики >>

Препарати

PROPLANT 722 SL

PROXANIL