Опис: Штетник едвај видлив со голо око. Телата на машките и женските се разликуваат по обликот. Мажјаците се со кончест облил со должина околу 1. 5 мм. Ретко се сретнуваат па воглавно е застапен бесполниот начин на размножување. Женките се со влакнест накадрен облик со издолжен врат. Просечна должина на телото е од 0. 6 мм а ширина 0. 4 мм. Живеат во почвата како паразити во коренот на растението. Надземните делови на растението не манифестираат карактеристични симптоми. Растенијата заостануваат во порастот по извесен период венеат и угинуваат. Карактеристични симптоми се манифестираат на коренот од растението. Во ткивото во која се вбушила ларвата на паразитот доаѓа до хипертрофија на ткивото и појава на тумурозни облици. Со повреда на коренот каде што е вбушена нематодата се отвара врата и за напад од паразити како Fusarium, Phytophthora.
|
повеќе слики >>
|
|
|