Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Dazomet; Име на препарат: BASAMID GRANULAT |
Употреба: Се употребува за општа дезинфекција на почвата.Кај тутунот, зеленчуците и расадниците за украсни растенија, производот се аплицира пред сеењето, односно за дезинфекција на почвата, која е предвидена за расад во саксии во количина од 250 g/m2. За дезинфекција на почва предвидена за одгледување на зелечук и украсни растенија, декор-дрвореди, почва со шумски расад, овошки, лозови насади и кај почва за одледување на лековити растенија (на отворено и затворено), овој производ се употребува во количина од 50-60 g/m2. За дезинфекција на почва за садници на овошки, грозје и хмељ, се употребува во количина од 40-100 g/m2. Eфикасен е против паразити, нематоди на растенијата: цевчести црви, почвени габи, `ртење на плевелни семиња и повени штетници. Гранулатот за третирање се аплицира до длабочина од 20-30 cm. Во случај почвата да е силно заразена со телени црви и појака коренеста површина, количината на производот предвидена за третирање е 40-60 g/m3. Ако културата се сее по површината, гранулатот се аплицира рамномерно и на длабочина од 10-15 cm, додека на почва предвидена за садење грозје или овошки, аплицирањето се врши до длабочина од 20-25 cm. Предупредување: Забранета е употребата со органско ѓубре, како и со производи за подобрување на квалитетот на почвата кои содржат активна вар. Во затворен систем на одгледување, аплицирањето се врши само во празен објект, без присуство на растенија. При третирање да се спречи загадување на водотеците, бунарите, водотеците и езерата. Каренца: |
Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница Производител: CHEMTURA / веб страница |