Опис: Болните растенија покажуваат послаб развој, со тенок и темнозелен врв. Преку денот таквите растенија венат, а во ноќта венењето се губи. Со напредокот на болеста, венењето е поинтензивно, долните листови пожолтуваат, а на основата на стеблото се развиваат адвентивни корења. Растенијата заметнуваат помал број на плодови, а во понапредна фаза плодовите не растат, зреат принудно и опаѓаат. Коренот е како плута, па е намалено примањето на вода и хранливи материи, поради тоа растенијата венат, а плодовите недозреваат и опаѓаат. Паразитот се наоѓа во почвата, се одржува во растителните остатоци. Навлегува длабоко во почвата, до 50cm, но најмногу ја има во горниот слој. Се развива оптимално при температура од 15 до 200C. Се препорачува одморање и соларизација со чести и плитки обработки на почвата, дезинфекција со водена пареа. |
повеќе слики >>
|
|
|