Име на болест: Аглеста дамкавост кај листовите на краставицата - Pseudomonas syringae pv. lachrymans 
Култура: КРАСТАВИЦА
Опис: Болест која повремено преставува озбилна причина во произвотството на краставици. Симптомите се манифестираат на листот во вид на аглести, прозирни дамки со аглеста форма. Дамките подоцна се сушат, а одумреното ткиво лесно се крши и опаѓа па листот изгледа како да е избушен. Од листот се пренесува на плодовите. Младите плодови добиваат жолтеникава боја, се деформираат и опаѓаат. На постарите плодови се забележуваат ситни маслинести дамки во чии рамки ткивото омекнува и пука. Од заболените места се сливаат капки од бактерискиот ескуд со светложолтеникава боја. Од заболените плодови паразитот се пренесува на семето. Бактеријата се одржува во заболените растителини остатоци во почвата и во заразено семе со што се пренесува на следната вегетација. Понатамошното ширење на болеста се врши со дождовните капки па затоа врнежливо време одговара за ширење на болеста. За заштита се користат мерки со употреба на здраво семе, дезинфекција на семето, уништување на растителните остатоци, воведување плодоред. За заштита на растенијата во полски услови може да се користат бакарни фунгициди.



повеќе слики >>

Препарати

CHAMP FORMULA 2FL

FUNGURAN-OH 50 WP