Опис: Во загрозените реони чести се години каде процентот на заразените растенија стига до 100 %. Зеленото венење почнува со губење на тургорот на листовите при што не ја губат основната зелена боја. Во почетокот знаците на болеста се видливи во текот на денот кога е најтопло, а ноќе го враќаат свежиот изглед. Паразитот брзо се развива со што ги опфаќа спроводните снопчиња на растението и го оневозможува нивното функционирање што доведува до потполно венење на растението. Во понатамошната еволуција на болеста листовите некротираат почнуваќи од ивиците на листот. Во раните инфекции доаѓа до скратување на интернодиите па заболените растенија имаат жбунаст изглед. Паразитот се одржува во почвата во вид на микросклероции или задебелени фрагменти на мицелиумот како орган за конзервација. За заштита се користи избор на отпорни сорти, хемиски мерки, дезинфекција на почвата, да се уништат растителните остатоци, производство на здрав расад и плодоредот се единствените ефикасни мерки. Во плодоредот да се исклучат растенијата кој се познати како домаќини на паразитот. |
повеќе слики >>
|
|
|