Име на болест: Кадравост на лисјата на праската - Тaphrina deformans (Bek.) Tul. (syn. Exoascus deformans (Berk.) Fuckel, Ascomyces deformans Berk. Exoascus amygdali Jacz)
Култура: ПРАСКА
Опис: Стопански најзначајна болест кај праската. Паразитот ги напаѓа листовите, леторастите цветовите и плодовите. Најкаректеристични промени се јавуваат на листовите. Нападнатите листови хипертрофираат, стауваат ненормално големи, здебелени, светло зелени, накадрени. Понекогаш се јавуваат и подуеници во кои ткивото хипертрофирано се зголемува, задебелено и со црвенкава боја. Плодовите по заразата од оваа болест се поситни или опаѓаат. Габата T. Deformans е облигатен паразит. Три месеци се развива во својот домаќин, а околу девет месеци се задржува на површините на овошките каде и презимува. Може да се најде и како мицелија во пупките, каде и презимува и со почетокот на вегетацијата од таквите пупки се развиваат неполно деформирани листови. Хемиска заштита која се изведува, главно, за време на мирување на вегетацијата, во есен непосредно по опаѓањето на листовите или рано во пролета пред бабрење на пупките. Пред хемиската заштита пожелно е да се изведе и кроење, при што се отстрануваат заразените леторасти. За зимско третирање се употеребува препарат врз база на бакар( Бордовска чорба 2%) и други препарати како : бакареноксихлорид, бакарен хидроксид ( но не по цветањето) . Во случај на силни зарази потребно е да се изврши есенско прскање непосредно по опаѓањето на листовите и едно во пролетта пред бабрење на пупките со бакарни фунгициди. Силно нападнатите овошки треба да се исчистат од болните листови и да се прихранат со вештачки ѓубрива и редовно да се наводнуваат.



повеќе слики >>

Препарати

DELAN 700 WG

FORUM GOLD

TERCEL

BRAVO 500 SC