Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Dithianon;
Име на препарат: DELAN 700 WG

Употреба:

DELAN 700 WG e несистемичен фунгицид со протективно и куративно дејство. Дејствува на тој начин што го спречува ртењето на спорите од фитопатогените габи. Се употребива во насади на јаболка против причинителот на пеговост на листовите и краставост на плодовите (Venturia inaequalis), во текот на настанување на примарните зарази (26 - 78 BBCH) односно од периодот на развој на првите ливчиња па се додека плодовите не достигнат 70% од својата големина. Се користи превентивно пред да се создадт услови за зараза во концентрација од 0,07 % (7 mL во 10 L вода) до фаза на цветање или во комбинација 0,05% Delan 700-WG и 0,02% Stroby- DF ( 5mL + 2 mL во 10 L вода) или 0,05% Delan 700-WG + 0,015% Score 25-EC ( 5mL + 15 mL во 10 L вода). Кај праската се користи против причинителот на кадравост на листовите (Taphrina deformans) и шупликавост на листовите кај коскестите овошни видови (Clasterosporium carpophilum) во концентрација од 0,075% (7,5 mL во 10 l вода), превентивно, пред да се остварат заразите со третирање само до фаза на цветање (51 BBCH). Кај вишната се користи против причинителот на кафеава дамкавост на листовите ( Blumeriella jaapii) и шупликавост на листовите кај коскестите овошни видови (Clasterosporium carpophilum) во концентрација од 0,075% (7,5 mL во 10 L вода), во текот на прецветување (67 BBCH) односно до фенофаза на завршување на порастот на младарите (91 BBCH). Потрошувачката на вода треба да изнесува од 600 до 1.000 L/ha ( 6-10 L на 100 m2).


Предупредување:

Дозволени се до три третирања во насади на јаболка и до две третирања во насади на вишна и праска. Не треба да се меша со маслени препарати, препарати на база на сулфур и препарати кои имаат алкална реакција.


Каренца:

35 дена за јаболка и вишна а за праска каренцата е обезбедена со времето на третирање (до цветање).



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: BASF AGRO B.V. / веб страница