Име на болест: Црничкова штитеста вошка - Pseudaulacaspis pentagona
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Потекнува од Кина и Јапонија и е изразен полифаг кој ја напаѓа црницата, а може да се јави и на праска, орев, слива, кајсија, винова лоза и др. Имаат 3 генерации годишно, презимуваат како плодена женка. Женката ги полага јајцата во текот на април. Штетите ги причинуваат ларвите и имагата со својата исхрана, што доведува до сушење на нападнатите делови. Мерки за контрола се: резидба на нападнатите вегетативни делови и нивно спалување. Предатори: стеници, златооки, бубамари, сјајници. Хемиски мерки - зимска заштита со минерални масла и минерални масла+органофосфорни инсектициди. Во текот на вегетацијата се препорачува системични инсектициди во комбинација со минерални масла: спинозини, пиметрозини, регулатори на пораст, неоникотиниди, фенилпиразоли, пиретроиди, карбамати, органофосфорни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати

ETIOL SPECIJAL

ETIOL TECEN

LANATE 20 L

LANATE 25 WP

METHOMEX 90-SP

METOMIL 90 SP

NEOMYL 90 WP

PILARMATE