Име на болест: Трипс на винова лоза - Drepanothrips reuteri
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Трпезните сорти лоза се посебно осетливи на нападот од овој трипс. Најинтензивно појава од трипсот на винова лоза се регистрира во јули. Тогаш се храни на младите изданоци, нападнатите листови од младите изданоци остануваат закржлавени, деформирани, со исушен изглед. Не е утврден како вектор на вирус. Не постои издиференциран економски праг за трипсот на виновата лоза. За споредба се зема економски праг за F. occidentalis на виновата лоза, која изнесува 5 - 25 имага или 10 - 50 ларви по грозд. Мерки за контрола се: избегнување на косење на растенијата во меѓуредовото растојание пред цутење. Масовно ловење со феромонски мамки, предаторски стеници од родот Orius, Anthocoris, Deraeocoris или третирање со средства на база на спинозини, неоникотиноиди, карбамати.



повеќе слики >>

Препарати

DIREKT

FASTAC 10 SC