Име на болест: Тутунски трипс - Тhrips tabaci
Култура: ПИПЕРКИ
Опис: Кај нас претставува значаен штетник на тутунот а напаѓа и други култури. Има 3 - 5 генерации годишно. Презимува во стадиум имаго во почва, под растителни остатоци. Штетите ги причинуваат ларвите и имагата со својата исхрана и полагање јајца. Шмукаат сокови од сите растителни делови, предизвикуваат локални некрози изразени во вид на бели дамки. Кај тутунот исхраната е концентрирана околу главните нерви на листот, што се манифестира со просветлување на овој дел. Листот на кој се хранел трипсот, има намалена технолошка вредност и нарушен однос помеѓу азотните материи, јаглените хидрати и етеричните масла. Се зголемува количеството на никотин а се намалува количеството на шеќерите. Тоа го намалува квалитетот на цигарите, а листот се категоризира во последна класа. Популацијата на тутунскиот трипс мора континуирано да се следи. Трипсот се утврдува со визуелен преглед, со сина леплива плоча, а може да се применат и жолти лепливи плочи или жолти водени садови. Мерки за контола се: Агротехнички: отстранување на заразените растенија во или веднаш по завршувањето на вегетацијата, уништување на плевелната вегетација на која трипсот се одржува, обработка на почвата, плодоред и др; Механички: Поставување на голем број сини или жолти лепливи плочи во насадот, со цел масовно ловење, што директно ја намалува бројноста на трипсите; Биолошки: Задржување на постојана фауна од природни непријатели и по можност интродукција на нови; Хемиски: тие се превземаат откако ке се надмине економскиот праг. Најзначајно е третирањето на расадот и тукушто расадениот тутун, бидејќи тутунскиот трипс може да ги уништи целосно младите растенија до 40 дена од расадувањето. За таа цел ке се користат препарати на база на: спинозини, приметрозини, фенилпиразоли, пиретроиди, неоникотиноиди, карбамата и органофосфорни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати

DIREKT

FASTAC 10 SC

ETIOL SPECIJAL

ETIOL TECEN