Име на болест: Бело гниење на коренот кај древенестите овошни видови - Rosellinia necatrix Prill.
Култура: КАЈСИЈА
Опис: Болните растенија имаат слаб пораст, со кратки едногодишни ластари, со ситни и светлозелени листови. Слаба лиснатост на растенијата со црвеникава нијанса на листовите. Оваа габа се лоцира во кората, а не го зафаќа дрвото. Кората омекнува и се одвојува од дрвото. Габата во кората се наоѓа во вид на тенки и бели конци.
Заштитата започнува при подигнување на насади на ископачени шуми, стари овошни и лозови насади, почвата добро да се исчисти од остатоци од корените. Да се избегнуваат локалитети со плитки потпочвени води, доколку се користат такви, тие добро да се дренираат. Дезинфекција на почвата со хлорпикрин, вапам, формалин и метил - бромид.



повеќе слики >>

Препарати

GRISU

IPPON 500 SC