Име на болест: Коренова нематода - Meloidogyne sp.
Култура: КРАСТАВИЦА
Опис: Штетник едвај видлив со голо око. Телата на машките и женските се разликуваат по обликот. Мажјаците се со кончест облик со должина околу 1. 5 мм. Женките се со влакнест накадрен облик со издолжен врат. Живеат во почвата како паразити во коренот на растението. Надземните делови на растението не манифестираат карактеристични симптоми. Растенијата заостануваат во порастот по извесен период венеат и угинуваат. Карактеристични симптоми се манифестираат на коренот од растението. Во ткивото во која се вбушува ларвата на паразитот, доаѓа до хипертрофија на ткивото и појава на тумури. Со повреда на коренот каде што е вбушена нематодата се отвара врата и за напад од паразити како Fusarium, Phytophthora. Мерките за контрола опфаќаат термичка стерилизација (секоја трета - четврта година) и хемиска заштита.



повеќе слики >>

Препарати

BASAMID GRANULAT

VYDATE 10L