Име на болест: Дудовец - Hyphantria cunea
Култура: ДОМАТИ
Опис: Полифаген штетник од типот на дефолијанти. Преферира исхрана на црницата, но може да се храни и со јаболка, круша, орев, цреша, слива. Има 2 генерации годишно. Презимува во стадиум на кукла во пукнатините на кората и други скриени места. Штетите ги предизвикуваат ларвите со својата исхрана. Вршат дефолијација на дрвјата, кои понатаму се стремат да создадат нова лисна маса, на сметка на плодовите. Штетите се најизразени на одделени стебла или во дрворедите. Следењето на популацијата на дудовецот се брши со визуелен прегед. Економскиот праг изнесува 2 - 3 јајни легла/стебло. Мерките за контрола можат да бидат: агротехнички тука спаѓаат редовна резидба и спалување на гранчињата со легла со јајца; Хемиски: за зимска заштита се препорачува третирање со: минерални масла или минерални масла + органофосфорни инсектициди. Во текот на вегетацијата се препорачуваат препарати на база на: Bacillus thuringiensis var. kurstaki, IGR препарати, оксадиазини, антранилични диамиди, додржувчи на јувенилиот хормон, пиретроид, неоникотиноид, фенилпиразоли, карбамати и органофосфорни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати

DIREKT

FASTAC 10 SC