Опис: Изразен полифаг. Покрај гравот, штетник е и на домат, кромид, лук, праз, луцерка, компир, пченица, пченка, шеќерна репа, украсни растенија. Покрај директните штети може да биде и вектор на патогени микроорганизми. Се одржува во растителни остатоци, во надземни и подземни растителни делови на живи растенија. Во пролет се зариваат преку различни повреди на растенијата, лентицелите или други отвори. Со својата исхрана го разоруваат ткивото и се размножуваат. Ги напуштаат мртвите растенија и преку почвата се преселуваат на здрави растенија. Развојот на 1 генерација трае 3 - 5 недели, а во текот на годината развиваат поголем број генерации. Нападнатите растенија заостануваат во развојот, се деформираат, листовите се увртуваат. Листовите од морковот се задебелуваат, а коренот пука. Од мерки за контрола се предвидуваат плодоред, користење на отпорни сорти, хемиска заштита со карбамати. |
повеќе слики >>
|
|
|