Име на болест: Сив гроздов молец - Polychrosis botrana Schiff
Култура: КАПИНА
Опис: Има три генерации годишно. Презимува како кукла во бела свиленикова кокона под кората на лозата, во пукнатини на колци, столбови, објекти и др. Женката полага јајца на полузрелите зрна. Во овој период штетите се најголеми и најзначајни. Ларвата се вбушува во зрната, а возрасните ларви може и целосно да ја прегризат плодовата кора. За успешна контрола на молецот потребен е континуиран мониторинг на насадите, тоа се изведува со визуелен преглед, мирисни мамки со оцет и меласа, фермонски мамки и температурна сума за секоја генерација. Економскиот праг е 75 пеперутки /фермон за 1 недела и утврдување на положени јајца за сите генерации. Мерки за контрола се: фермони за збунување, апликација на хемиски средства, за секоја генерација треба да се предвидат 1 - 2 третмани. Се препорачуваат препарати на база на: спинозини, IGR препарати, оксадиазини, антранилични диамиди, пиретроиди, карбамати и органофосфорни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати

DIREKT

FASTAC 10 SC