Име на болест: Фузариозно венење на краставицата - Fusarium solani f. sp. cucurbitae
Култура: КРАСТАВИЦА
Опис: Значајни штети може да предизвика на краставици одгледувани во затворен простор. На отворено не е сигурно утврдена. Во топлите делови од денот се забележуваат симптоми на венење и сушење на поедини растенија. На приземниот дел на стеблото се манифестираат симптоми на гниење, пропратено со мацерација на ткивото. Во услови на висока влажност на површината на заболеното ткиво се забележува бела превлака од мицелиумот и спороносните органи на габата. Во неповолни услови на одгледување (зголемена влажност на почвата и воздухот), венењето може да го предизвикаат и габите Sclerotinia sclerotiorum, Botrytis cinerea доколку дојде до инфекција на приземниот дел на стеблото. На тоа место се појавуваат воденасти дамки, во рамките на кој се формираат бујни беличасти превлаки со ретки црни склероции налик на зрно грав (S. sclerotiotrum) или се формира обилна прашкаста сиво обоена превлака (B. cinerea). Паразитот се одржува во остатоците од растението, а се пренесува и со семе.



повеќе слики >>

Препарати

PROPLANT 722 SL

PROXANIL