Опис: Има две генерации годишно. Презимува во стадиум на кукла во пукнатините на кората и на другите скриени места. Штетите ги предизвикуваат ларвите со својата исхрана. Вршат дефолијација на дрвјата, кои понатаму се стремат да создадат нова лисна маса, а на сметка на плодовите. Економскиот праг е 2 - 3 јајни легла/стебло. Мерки за контрола се редовна резидба и спалување на гасеничните гнезда. За зимска заштита се препорачува третирање со минерални масла или минерални масла + органофосфорни инсектициди. Во текот на вегетацијата се препорачуваат препарати на база на спинозини, ИГР препарати, оксадиазини, пиретроиди, карбамати и огранофосфорни инсектициди. |
повеќе слики >>
|
|
|