Опис: Гроздовите молци се штетници од редот Lepidoptera, кои се појавуваат во речиси сите лозарски региони. Штетите ги причинуваат гасениците од двата вида. Гасениците од првата генерација во почетокот на јуни ги јадат цветните реси, цветовите, малите зрна и делови од гроздот. Првата генерација обично не предизвикува економски значајни штети, иако на секој неколку години има поголема појава на гасеници од првата генерација кои можат да причинат поголеми штети. Втората генерација пеперутки се појавуваат во средината на јули, а ларвите се вбушуваат во зрната на гроздот, кои можат да се исушат или ги напаѓа сиво гниење. Штетата може да биде многу голема, особено во години со обилни врнежи, кога условите за сиво гниење се многу поволни. Во години кога втората генерација многу ќе се размножи непосредната штета на гроздот е голема поради избушените зрна кои се сушат и добиваат кафејава боја. |
повеќе слики >>
|
|
|