Име на болест: Луцеркина бубамара - Subcoccinella viginti quattuor punctata L
Култура: ЛУЦЕРКА
Опис: Оваа бубамабара има две генерации годишно. Штетите ги причинуваат и ларвите и имагата со својата исхрана. Го гризат горниот епидермис и паренхимот на листот. Долниот епидермис може да стои или тој да е изеден. Заради нивната исхрана доаѓа до намалување на асимилационата површина на луцерката а се суши и листот со што се намалува приносот. Присуството и бројноста се врши со кечер. Економскиот праг е 10 имага/м2. Луцерката и детелината се користат како храна за домашни животни, заради што мерките за контрола се многу специфични. При утврдување на висока бројност се препорачува ран откос. Ако е надминат економскиот праг се препорачува хемиска контрола по собирање на откосот и тоа со средства на база на спинозини, пиретроиди.



повеќе слики >>

Препарати

BEVESPILAN

BUBASTAR

TONUS

VOLLEY

ETIOL SPECIJAL

ETIOL TECEN