Опис: Габата покрај јаболката ги напаѓа: крушата, дуњата, сливата, праската, кајсијата, па и лозата како и голем број шумски и украсни растенија.
Симптоми. На кората од ластарите, ветките и стеблото се забележуваат карактеристични црвеникави дамки. Епидермисот, кој е умртвен, се одвојува од кората во вид на меурчиња. Кората е дезорганизирана и при влажно време омекнува, а при суво дехидрира, станува сува и напукната. По листовите се забележуваат карактеристични, тркалезни некрозни дамки. Плодовите најчесто се заразени пред бербата, кои при складирањето гнијат и добиваат црна боја (црно гниење) . |
повеќе слики >>
|
|
|