Име на болест: Пламеница на сончогледот - Plasmopara halstedii
Култура: СОНЧОГЛЕД
Опис: Се јавуваат два основни типа на симптоми: системични и локални. Кај системичните зарази растенијата остануваат спечени, со скратени интернодии, задебелени стебло, со бледожолти листови и ситни пити и семе. При локални зарази од лицето на листовите се јавуваат светлозелени до хлорозни дамки, нејасно ограничени, често пати се спојуваат меѓу себе. Растенијата се најосетливи во фаза на никнење. За заштита почвата добро за подготвува за сончогледот побрзо да никне. Употреба на здраво семе. Уништување на самоникнати растенија, одгледување на отпорни сорти и третирање на семето.



повеќе слики >>

Препарати

RIDOMIL GOLD COMBI 45 WG

RIDOMIL MZ 72-WP

RIDOSAN 72 WP