Име на болест: Бело гниење кај сончогледот - Sclerotinia sclerotiorum
Култура: СОНЧОГЛЕД
Опис: Белото гниење се манифестира со различни облици како изумирање на семето и никулците, гниење на коренот, гниење и венење на стеблото, гниење на питите. При основата на стеблото се забележува една зеленикава а потоа кафеава воденеста дамка која се шири брзо и растенијата венат. Гниењето ги зафаќа целите пити кои се покриени со мицелија. За ртење на склероциите се неопходно тие извесно време да бидат изложени на ниска температура а потоа на повисоки температури и висока релативна влажност на воздухот. Склероциите се одржуваат 3 - 8 години во почвата. За заштита се препорачува да не се сее 5 - 6 години на истиот простор, да се користи здраво семе, да не се ѓубри многу со азотни ѓубрива и хемисла заштита но таа не дава задоволувачки резултати.



повеќе слики >>

Препарати

BAVISTIN FL

MAXIM EXTRA 050 FS

SWICH 62,5 WG