Име на болест: Бело гниење на морковот - Sclerotinia sclerotiorum (lib.) de Bary
Култура: МОРКОВ
Опис: Болеста бело гниење е распространета во целиот свет. Габата е полифаг патоген со голем број домаќини. Посебно се осетливи сончогледот, сојата, гравот, зелката, морковот, доматот, краставицата, дињата, кромидот. Во Македонија се јавува поретко, освен во повлажните локалитети во Пелагонија. Венењето на растенијата настанува како последица на гниењето на коренот и основата на стеблото. Венењето на растенијата настанува како последица на гниењето на коренот и основата на стеблото. Главниот корен како и бочните жили покафенуваат и гнијат. Горните листови жолтеат, а потоа растението брзо вене. Паразитот во природни услови се одржува во вид на склероции и по презимувањето можат да ‘ртат на два начина и тоа директно во мицелијата која остварува инфекции или на нив може да се формираат апотеции. Спречувањето на ова заболување е тешко, бидејќи склероциите се одржуваат долго време во почвата. Гниењето на коренот предизвикано од овој паразит се забележува по 10 години. Треба да се употребува здраво семе и во семето не смее да има склероции.                        



повеќе слики >>

Препарати

GRISU

IPPON 500 SC