Опис: Напаѓа голем број растенија и причинува карактеристично влажно гниење. Бактеријата е типичен полифаг и ги напаѓа сите зелјести растенија, најчесто морковот – carota, поради што е наречена – carotovora. Посебно ги напаѓа месестите, сочни растителни делови. Првите знаци се во вид на дамки, помали или поголеми, влажни површини, а потоа омекнување и гниење на одделни делови или на цели плодови. Бактеријата Erwinia carotovora subsp. сarotovora е типичен паразит на рани. Таа навлегува во растителните ткива преку рани од инсекти, ветер, човек, град, дожд и сл.
Уништување на растителните остатоци веднаш по прибирањето на реколтата. Плодоред, при што осетливи култури не треба да се одгледуваат две години една по друга, уништување на инсектите вектори на бактеријата, употреба на здрав саден материјал, дезинфекција на складиштата, одржување на соодветна температура за време на чување на производите, проветрување, добро просушување пред тие да бидат внесени во складиштата.
|
повеќе слики >>
|
|
|