Име на болест: Бактериски рак и бактериско венење на доматот - Clavibacter michiganensis subsp. michiganensis
Култура: ДОМАТИ
Опис: Ова заболување се манифестира на сите надземни делови од растението, Може да се појави во текот на целиот вегетационен период, кај младите и постарите растенија, во вид на жолтеникави дамки на листовите, венење на одделни делови или цели растенија, пукање на кората на стеблото (поради што е наречена рак на доматот). Внатрешноста на плодовите останува зелена и тие не се вкусни. Додека плодовите се зелени, се забележуваат ситни бели точки кои се малку испапчени, а околу нив се забележува светлозелен ореол. Со зголемување на плодовите се зголемуваат и дамките кои стануваат темнокафеави со бел ореол.  Бактеријата се инактивира на 50 - 530C, бактеријата бара топло време, висока релативна влажност на воздухот над 60%.  Бактеријата се одржува во семето и во растителните остатоци во почвата.  Се заштитува со воведување на тригодишен плодоред, просторна изолација помеѓу заразените парцели и посевите од доматот. При отстранувањето на долните листови, со филизењето да се прават што е можно помали рани. Филизењето да се изведува со рака, а не со нож, бидејќи се прават нови зарази. Да се употребува здраво семе.



повеќе слики >>

Препарати

CHAMP FORMULA 2FL

FUNGURAN-OH 50 WP