Име на болест: Бактериозна краставост на плодови - Xanthomonas campestris pv. vesicatoria
Култура: ДОМАТИ
Опис: Овој патоген ги напаѓа сите надземни делови на доматот. Во растението бактеријата навлегува преку стомините отвори, а кај плодовите преку различни рани. Главно во посевите се разнесува преку дождовните капки, кои претставуваат услов за помасовна зараза. На листовите се појавуваат влажни или маслени дамки кои се зголемуваат и стануваат кафеави. Дамките се зголемуваат и спојуваат, а заболеното место се крши и опаѓа. Листовите стануваат кожести, пожолтуваат, некрозираат и умираат. Плодовите можат да бидат нападнати од нивното заметнување до бербата. Прво се појавуваат меури, кои пукаат и настануваат красти. Исто така има промени и во внатрешниот дел, тие нерамномерно созреваат, ткивото им е меко и семките поцрнети. Најинтензивен развој има на температура од 30C, а се инактивира на 56 C. Влажното и топло време се поволни за развој. Патогенот се пренесува главно преку семе и заразен расад. Заштита од овој патоген е употреба на здраво семе за производство на расад, уништување на растителните остатоци.



повеќе слики >>

Препарати

CHAMP FORMULA 2FL

FUNGURAN-OH 50 WP