Опис: Една од поопасните болести на јаболчестото овошје. Причинителот е бактерија, а болеста е карантинска. Засега нема ефикасно хемиско средство, а инфицираните стебла кои се зафатени повеќе од 60 - 70%, задолжително мора да се искорнат и запалат. За време на цветањето инфицираните гранчиња и цветови поцрнуваат, свиснуваат и се сушат, така да гранчето изгледа како зафатено од пламен. Истовремено на зафатените делови се појавува бактериски ескудат - слузести капки полни со бактерии. Инфицираните стебла постепено пропаѓаат. Болеста најмногу ја шират пчелите, а се шири и со други инсекти, птици, алат и др. |
повеќе слики >>
|
|
|