Средства за заштита: АКАРАЦИДИ
Активни материи: Spiromesifen; Spiromesifen;
Име на препарат: OBERON 240 SC

Употреба:

OBERON 240 SC е несистемичен фолијарен инсектицид и акарицид од хемиската група на кетоеноли. Новиот начин на дејство што го има активната метрија спиромесифен (24%) обезбедува ефикасна заштита од белокрилка и пајачиња (Tetranychus). Најдобри резулати се постигнуваат кога се аплицира на температура од 15 - 25 °C. OBERON 240 SC поефикасно делува на сите развојни стадиуми како нимфа и ларва кај пајачињата и белокрилката отколку на возрасните инсекти. Неговото дејство ќе го наруши развојот на нимфата и таа нема да достигне зрелост. Кај пајачињата ефикасно ги уништува јајцата, делува на развојните форми на нимфата а кај возрасните женки делува на намалување на бројот на положени јајца. За заштита на домат, модар патлиџан, краставица, зелена боранија, тиквица, блага пиперка и диња од белокрилка и пајаче се препорачува во доза од 0,4 - 0,6 L/ha со потрошувачка на вода од 1000 L или 8 - 12 ml на 20 L вода. Третирањето треба да се напарви штом ќе се забележи присуството на инсектот. По потреба се повторува во интервал од 7 - 10 дена водејќи сметка за смена на препартот со некој друг препарат кој има поинаков начин на дејство. за заштита на ружи и каранфили од белокрилка и пајачиња се препорачува доза од 0,4 - 0,5 L/ha или 40 - 50 ml на 100 L вода. ретирањето треба да се напарви штом ќе се забележи присуството на инсектот. По потреба се повторува во интервал од 7 - 10 дена водејќи сметка за смена на препартот со некој друг препарат кој има поинаков начин на дејство.


Предупредување:

Дозволени се до 2 апликации за заштита од пајачиња и до 4 апликации за заштита од белокрилка. Строго се препорачува смена со инсектициди со поинаков начин на дејство. Не треба да се меша со системични и трансламинарни пестициди ниту пак со производи формулирани како концентрат за емулзија (EC), сурфактанти или наквасувачи. При апликација на OBERON 240 SC треба да се обезбеди доба покривност на сите надземни делови на растенијата вклучувајќи ја и долната страна на листот.


Каренца:

3 дена за домат, модар патлиџан, краставица, зелена боранија, тиквица, блага пиперка и диња.



Добавувач: ДПП „АГРОХЕМИЈА“ - Скопје - Скопје
Производител: BAYER – Crop Science AG / веб страница