Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Spinosad; Име на препарат: LASER |
Употреба: LASER e биолошки, контактен и дигестивен инсектицид на база на спиносад (240 g/L), супстанца која е изолирана од бактеријата Saccharoplyspora spinosa, која природно се наоѓа во почвата. Може да се користи за заштита на лозови насади, компир, зелка, сончоглед, слива, цреша, кромид, зелен домат. Наменет е за сузбивање на инсекти од редот на пеперутки (Lepidoptera), двокрилци (Diptera), опнокрилци (Himenoptera), тврдокрилци (Coleoptera), трипси (Thysanoptera) и еднаквокрилци (Isoptera). Се применува со прскање во текот на вегетација. Поседува резидуално дејство од над 3 недели во зависност од временските услови. Два часа по апликацијата дождовите не можат да го измијат. за сузбивање на Lobesia botrana кај винова лоза се користи во доза од 0,15 - 0,2 L/ha. За заштита на компир од компирова златица се користи во доза од 0,1 L/ha. За заштита на зелка од Plutella maculipenis се користи концентрација од 0,03%. За заштита на краставици во оранжерии од Frakliniella occidentalis се препорачува концентрација од 0,05%. За заштита на слива од Cydia funebrana, Eurytoma schreinerii се препорачува концентрација од 0,6%. За заштита на цреша од Rhagoletis cerasi се препорачува концентрација од 0,06%. За заштита на кромид од трипс (Thrips tabaci) се препорачува концентрација од 0,04%. За заштита на домат од Liriomyza trifolii се препорачува концентрација од 0,05%. За заштита на јаболко од јаболков црв (Cydia pomonella) се препорачува концентрација од 0,06% за заштита од Phyllonorycter blancardella и P. corylifoliella, концентрација од 0,04%. Спектар на дејство: Lobesia botrana, Cydia pomonella, Phyllonorycter blancardella, P. corylifoliella, Leptinotarsa decemlineata, Plutella maculipenis, Frakliniella occidentalis, Cydia funebrana, Eurytoma schreinerii, Rhagoletis cerasi, Thrips tabaci, Liriomyza trifolii. Предупредување: Безбеден за животната средина и човекот. Се препорачува во ротација со Runner 2F или Reldan 22 EC, за да се прошири спектарот на дејство и да се спречи појавата на резистентност. Каренца: 3 дена за зеленчук и компир, 7 дена за овошни дрвја и 14 дена за лозови насади. |
Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница Производител: DOW Agro Sciences V.M.B.H |