Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Bromoxynil; Име на препарат: BROMOTRIL P 250 SC |
Употреба: Ги сузбива едногодишните широколисни плевели (како Persicaria maculosa, Polygonum aviculare, Fallopia convolvulus и др.) во стрните жита, пченката и ленот. Во житните култури се употребува од средината на братењето до појава на првото коленце. Обично се комбинира со други хербициди со цел проширување на спектарот на дејство. На плевелите дејствува во помлада фаза. Има контактно дејство. Се употребува во количина од 1, 4 L/ha во фаза до формирани 4 вистински ливчиња и во количина од 2 L/ha во фаза до формирани 6 вистински ливчиња. Може да се направи и почвена апликација со потрошувачка на 250–400 L раствор на хектар. За фолијарна апликација потребни се 40 - 50 L/ha. Кај пченица, јачмен и овес може да се употреби и во дози од 0,85 - 1,1 L/ha во фаза од развиени три ливчиња до крај на бутонизација. Колку се плевелите помали, употребената доза треба да биде помала а кога плевелите се во подоцнежната фаза од развојот, до формирани 6 листа треба да се употреби повисока доза. Повисоки дози треба да се користат и при фолијарна апликација. Кај овие култури BROMOTRIL P 250 SC може да се користи во комбинација со MCPA (0,85 L/ha BROMOTRIL P 250 SC + 0,5 - 1L/ha MCPA) за почвена и фолијарна апликација. Повиски дози од MCPA треба да се користат кога има присуство на Polygonum aviculare. Кога BROMOTRIL P 250 SC се користи во комбинација со MCPA апликацијата кај пченицата треба да се направи во фаза од 7 - 13 ARC (ARC Small Grain Institute in Bethlehem). Кај јачменот кога е фо фаза од 5 - 7 листа. Во текот на зимските месеци кога MCPA се додава во доза од 0,5 L/ha, житните култури треба да бидат со големина до развиени 3 листа а плевелите до развиени 6 листа. Кај луцерка може да се користи во доза од 1,25 - 1,7 L/ha после сечење на луцерката. Повисоки дози треба да се употребат кога заплевеленоста е силна и при сушни услови. Може да се јави пожолтување на листовите кај луцерката но оваа појава е привремена и ќе изчезне по неколку дена без да му наштети на растението. Кај пченка може да користи во доза од 0,85 - 1,25 L/ha, со почвена или фолијарна апликација кога плевелите се никнати па се до развиени 6 листа. Тврдокорните плевели треба да се третираат до развиени 3 листа. При апликацијата треба да се внимава пченката да биде со најмалку 4 развиени листа. Може да се користи и во комбинација со атразин (0.56 L BROMOTRIL P 500 SC + 1.0– 2.0 L ATRANEX® 500SC) за почвена или фолијарна апликација кога плевелите се целосно развиени и имаат повеќе од 6 листа а пченката има најмалку 4 листа. Кај пченката BROMOTRIL P 250 SC можеме исто така да го комбинираме со MCPA (0.85 L/ha BROMOTRIL P 500 SC + 1.0 L/ha MCPA) за почвена или фолијарна апликација кога плевелите се целосно поникнати но немаат развиено повеќе од 6 листа. Оваа комбинација може да биде аплицирана во било која фенофаза од развојот на пченката но не треба да се аплицира кога времето е влажно и ладно бидејќи може да настане оштетување на пченката. Кај соргумот може да се користат комбинации од 0.56 L/ha BROMOTRIL P 500 SC + 1 – 2 L/ha ATRANEX 500 SC и комбинација од 0.85 L/ha BROMTORIL P 500 SC + 1 L/ha MCPA во истите услови кои се наведени за пченката. Спектар на дејство: Acanthospermum hispidum, Amaranthus deflexus, Amaranthus hybridus, Amaranthus spinosus, Amaranthus thunbergii, Amsinckia menziesii, Anthemis cotula, Arctotheca calendula, Argemone subfusiformis, Bidens pilosa, Capsella bursa-pastoris, Chenopodium album (растнијата не се под стрес), Chenopodium ambrosioides, Chenopodium ambrosioides, Chenopodium multifidum, Chenopodium murale, Chenopodium schraderianum, Citrullus lanatus, Cleome gynandra, Cleome monophylla (од фаза на котиледони до развиени три листа), Cosmos bipinnatus, Cucumis myriocarpus, Datura ferox, Datura stramonium, Emex australis (од фаза на котиледони до развиени три листа), Fallopia convolvulus, Flaveria bidentis, Galinsoga parviflora, Gisekia pharnaceoides, Helianthus annuus, Hibiscus trionum, Ipomoea coscinosperma, Ipomoea purpurea, Lepidium bonariense, Melilotus indica, Nicandra physalodes, Pentzia grandiflora, Physalis angulata, Polygonum aviculare (од фаза на котиледони до развиени три листа), Raphanus raphanistrum (од фаза на котиледони до развиени три листа), Richardia brasiliensis, Ricinus communis, Schkuhria pinnata, Senecio burchellii, Sesamum triphyllum, Sida cordifolia, Sisymbrium thellungii (од фаза на котиледони до развиени три листа), Solanum nigrum, Sonchus oleraceus, Tagetes minuta, Tribulus terrestris (од фаза на котиледони до развиени три листа), Vicia hirsuta, Vicia sativa, Xanthium spinosum, Xanthium strumarium. Предупредување: да не аплицира BROMOTRIL P 250 SC кога плевелите се во подоцнежните фенози фази од развој бидејќи ефикасноста на препаратот ќе биде намалена. Каренца: Обезбедена со времето на употреба освен кај пролетен кромид каде каренцата е 28 дена. |
Добавувач: ДПТУ "МАГАН - МАК" ДОО - Скопје / веб страница Производител: MAKHENTESHIM-AGAN / веб страница |