Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ
Активни материи: Chlorpyrifos-Methyl;
Име на препарат: RELDAN 40 EC

Употреба:

Се употребува за сизбивање на лисен минер (Phyllonorichter blancardella) кај јаболка во концентрација од 0,1%, штитеста воша (Quadrspidiotus perniciosus) кај јаболка во концентрација од 0,15%; Кај слива се употребува за сузбивање на сливов молец (Cydia funebrana) во концентрација од 0,1%, штитеста вошка (Quadrspidiotus perniciosus) во концентрација од 0,15%. Кај винова лоза, се користи за сузбивање на сив гроздов молец (Lobesia botana) во концентрација од 0,125%; Кај пченица се користи за сузбивање на житни стеници (Eurigaster integriceps) во доза од 1,5 L/ha; кај другите житарици се користи за сузбивање на житна пијавица (Lema melanopa) во доза од 1,25 L/ha; Кај репката против  репкин сјајник (Meligethes aeneus) во доза од 1,1 L/ha. Може да се користи и кај складирени земјоделски производи (за садење и конзумирање) за сузбивање на житен пипик (Sitophylus granaries), мал брашнар (Tribolium confusum), гравов црв (Acanthoscelides obtectus), брашнест црв (Plodia interpunctella). Семињата од житариците наменети за сеење или конзумирање се третираат со доза од 12,5 mL/1000 kg, при што растоворот се прави со 0,7-1,2  L вода за 1000 kg зрнести житарици. За десинсекција на просториите за скалдирање се подготвува концентриран растовор од 1,25% и се третира со 50 mL раствор.


Предупредување:

При третирање да се спречи загадување на водотеците, бунарите, езерата и изворите.


Каренца:

14 дена за јаболко и слива.



Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница
Производител: Dow Agrosciences V.m.b.H. / веб страница