Средства за заштита: АКАРАЦИДИ Активни материи: Paraffin oil; paraffin oil; Име на препарат: NITROPOL-S |
Употреба: NITROPOL-S e инсектицид и акарицид на база на парафинско масло 98,8% и бело минерално масло, 25 g/L. Наменет е за сузбивање на црвеното овошно пајаче (Panonicus ulmi) во овоштарници на јаболка и обична крушкова болва (Cacopsylla pyri) во овоштарници на круша. Се препорачува во концентрација од 1,3 % (0,13 L на 10 L вода). За зимско третирање на јаболката се препорачува кога растенијата се во фенофаза 10 по BBCH скалата а во текот на вегетацијата откако ќе се забележат подвижните форми од црвеното овошно пајаче. Кај крушата се применува за зимско третирање откако ќе бидат положени јајцата од обичната крушкова болва (Cacopsylla pyri). Се препорачува потрошувачка на вода од 1000 L/ha. Предупредување: Да не се третираат растенија ослабнати од суша (со намален тургор). Може да се межа со бакарни препарати но не треба да се меша со препарати на база на сулфур (каптан, хлорталонил) или елементарен сулфур. Каренца: За зимски третман каренцата е обезбедена со времето на употреба a кога се употребува за летно прскање кај јаболка каренцата е 21 ден. |
Добавувач: „ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Скопје / веб страница Производител: NITROFARM S.A / веб страница |