Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Dodine;
Име на препарат: SYLLIT 499 SC

Употреба:

Syllit 400-SC содржи активна материја dodine 400 g/L. Припаѓа на групата гуанидини и дејствува превентивно со тоа што го спречува ртењето на спорите кај фитопатогените габи. Поседува исто така и извесно куративно десјтво но само доколку се употреби 48 часа по настанување на инфекцијата. Се употребува за сузбивање на кадравоста на листовите кај праската (Taphrina deformans) и чадливата краставост (Venturia inaequalis) кај праската и јаболката. Кај праската се употребува во количество од 0,15 - 0,25%. Првиот третман треба да биде во фаза на опаѓање на листовите, вториот во фаза на пукање на пупките а третиот кон крајот на цветање и прецветување. Кај јаболката се користи во количество од 0,15 % (15 ml на 10 L вода). Првиот третман треба да биде во фаза на глувчи уши (09 BBCH), вториот во фаза на црвени пaпки (57 BBCH) a третиот во фаза кога плодот е голем околу 20 mm (72 BBCH). Пониски концентрации се употребуваат во превентивната заштита а повисоки во куративните третирања. Препаратот има добра лепливост, лесно се сврзува за восочниот слој на растенијата што го прави отпорен е на испирање од дожд. Потрошувачката на вода треба да биде 1000 L/ha. Нема опасност од појава на резистентни соеви од габата бидејќи поседува механизам кој го спречува растот на габата на повеќе различни места. Дозволено е авионско третирање.


Предупредување:

Може да биде фитотоксичен доколку во фазата на прецветување температурата на воздухот падне под 5 степени по апликацијата на пестицидот. Не треба да се межа со препарати на база на диокап, дикофол, тетрадифон, маслени и алкални препартаи како и со препарати на база на бакар.


Каренца:

60 дена за праска и јаболка.



Добавувач: ТДПТУ „АГРО ЈУНИКОМ“ ДООЕЛ увоз-извоз - Скопје / веб страница
Производител: AGRIPHAR S.A / веб страница