Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Epoxyconazole; Thiophanate methyl;
Име на препарат: DUET ULTRA

Употреба:

DUET ULTRA е фунгицид кој во својот состав содржи две активни материи (187 g/l Epoksikonazol и 310 g/l Tioftant-metil). Комбинацијата од овие две активни материи од кои едната припаѓа на групата триазоли (Epoksikonazol) а другата на хемиската група карбамати (Tioftant-metil) ја намалува можноста од појава на резистентни соеви. Препаратот поседува протективно и куративно дејство но најдобри резултати се постигнуваат кога се користи протективно. Спектар на делување: Кај пченицата и јачменот дејствува против пепелници (Erysiphe graminis), рѓи (Puccinia spp.), септориози (Septoria spp.), фузариози (Fusarium spp.), a јачменот го штити и од мрежеста пегавост (Pyrenophora teres). Кај шеќерната репка делува против сивата лисна пегавост (Cercospora beticola). Кај пченицата и јачменот треба да се употребува во фаза на братење и класање. Во фаза на рано третирање (BBCH 22 - 35) овозможува успешна заштита на долните листови кои најтешко се заштитуваат а доцната употреба (BBCH 49 - 59) го штити листот заставичар и класот кои се носители на приносот. Кај шеќерната репка треба да се употреби кога ќе се забележат првите пеги на листовите. Дозта за употреба кај пченицата и јачменот како и кај шеќерната репка треба да изнесува 0,4 - 0,6 L/ha.


Предупредување:

Duett® Ultra може да се примени еднаш во текот на вегетација кај пченицата или двапати кај јачменот и кај сортите на пченица осетливи на болести.


Каренца:

42 дена



Добавувач: ДОО "ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ" - Велес
Производител: BASF / веб страница