Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Fluazifop-p-butyl; Име на препарат: FUSILADE FORTE |
Употреба: Селективен хербицид за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни теснолисни (тревни) плевели во шеќерна репка, соја, сончоглед, маслодајна репка, компир, лук и зелка. Во зависност од видот на плевелот, производот се применува во следните дози: 0,8-1,0 L/ha (8-10 mL/100 m2) за сузбивање на едногодишни тревни плевели кај костенот (Echinochloa crus-galli), обична ѕвезденка, мухари (Setaria spp.), крваво прстнесто просо (Digitaria sanguinalis), диво просо (Panicum spp.) и други, во стадиум 2-4 листа; Во доза од 1,3-1,5 L/ha (13-15 mL/100 m2) за сузбивање на див соргум (Sorghum halepense), во стадиум 15-20 cm висина на плевелот; Во доза од 1,5-2,5 L/ha (15-20 mL/100 m2) за сузбивање на пиревина (Agropyron repens), во стадиум 10-20 cm висина на плевелот; Доза од 2,0 L/ha (20 mL/100 m2) за сузбивање на обичен троскот (Cynodon dactilon), кога плевелот е висок 15-20 cm. Предупредување: Пониските концентрации се делотворни кај плевели кои се во препорачаниот фенофазен развој. Со намалувањето на валга во почвата и воздухот (плевели во суша), како и на плевели во поголем фенофазен развој се намалува ефектот на средството, па е потребна употреба на поголема доза. За подобро сузбивање на повеќегодишните плевели се препорачува меѓредова обработка и ситнење на ризомите. Кај градинарските култури не се препорачува раздвоена примена поради продолжување на презистентноста. Смее да се примени само кај лук за производство на главици. Сојата смее да се третира само пред почеток на цветање. Недоволно ги сузбива Festuca rubra и Poa annua. На иста површина може да се употреби само еднаш годишно. Каренца: 42 дена за компир 49 дена за лук и зелка Обезбедена е со време и начин на примена кај: сончоглед, маслодајна репка, соја и шеќерна репа. |
Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница |