Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Dimethenamid-P; Име на препарат: FRONTIER X 2 |
Употреба: Frontier X2 е почвен хербицид наменет за сузбивање на теснолисни семенски плевели и некои широколисни плевели, после сеидба/садење а пред никнење на културата.Може да се употребува кај пченка, соја, сончоглед, шеќерна репа и тутун. Frontier X2 содржи 70% активна материја диметенамид која во плевелот се усвојува преку колеоптилот. Плевелите изумираат пред и непосредно по никнење. Во почвата е перзистентен подолго време така што обезбедува заштита во текот на целата година но без штетни последици за наредната култура. Кај пченка, соја и сончоглед се користи во доза од 1 - 1,4 L/ha (100 - 140 ml/1000 m2), кај шеќерна репка во доза од 0,8 - 1 L:/ha (80 - 100 ml/1000 m2). Пред расадување на тутунот се препорачува доза од 1 – 1,4 L/ha (100 –140 ml/1000 m2). Пониските дози се препорачуваат за лесни, песокливи почви а повисоките дози за тешки почви богати со хумус. Се употребува со тракторски или грбни прскалки со количество на вода од 200 - 400 L/ha. За да се прошири спектарот на дејство и на некои широколисни плевели се препорачува комбинација со некои преперати на база на атразин, тербутилазин, линурон, изоксафлутол и флухлоридон кај пченка. Во комбинација со препарати на база на метрибузин, прометрин, линурон и кломазон кај соја. Во комбинација со препарати на база на флухлоридон, прометрин, бифенокс и оксифлуорфен кај сончоглед. Во комбинација со препарати на база на хлоридазон и метамитрон кај шеќерна репка и во комбинација со препарати на база на кломазон и метобромурон кај тутун. Предупредување: Дозата теба да се прилагоди според видот на почвата и видот на културата. Фитотоксичност може да се појви кај шеќерната репка и сончоглед доколку се третираат во фаза на никнење. Да не се користи ка репка одгледувана на лесна почва со помалку од 1,2% хумус. Житни култури можат да се сееат после 4 месеци од премената на FRONTIER X 2. Во случај на преорување може да се сеат без ново третирање соја, сончоглед, пченка, грав и сирак. Каренца: Обезбедена со времето на употреба. |
Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница Производител: BASF SE Ludwigshafen |